Изнесување на ефективни странски пари

Резидентите можат слободно да изнесуваат од Република Македонија ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во противвредност до 2.000 евра.


Резиденти

Резидентите можат слободно да изнесуваат од Република Македонија ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во противвредност до 2.000 евра.

Резидентите можат од Република Македонија да изнесат ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во противвредност од 2.000 до 10.000 евра, само доколку при преминот на државната граница кај надлежните царински органи го пријават износот на ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари што го изнесуваат.

Ефективните странски пари резидентите ги изнесуваат врз основа на потврда од овластена банка или менувачница за купување на странски ефективни пари или врз основа на потврда од банка за подигање на девизи (странски ефективни пари) од сопствена девизна сметка.

Потврдата важи до првото преоѓање на границата, а најдоцна 90 дена од денот на издавањето.

Резидентите не смеат да изнесуваат ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во противвредност над 10.000 евра.


Нерезиденти

Износот на ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари што нерезидентите го изнесуваат од Република Македонија не може да биде поголем од износот што при преминот на државната граница го пријавиле кај надлежните царински органи.

 

* Правни лица со седиште во РМ и нивни претставништва во странство, подружници на странски друштва регистрирани во РМ, физички лица со постојано место на живеење во РМ, физички лица со регулиран привремен престој во РМ и дипломатски и конзуларни претставништва на РМ во странство.

** Сите други правни и физички лица кои немаат статус на резиденти.