Surveys
  • Анкета за новата веб страна

    • Анкета создадена од Brane Petrusevski
    • 43 одговори

    Почитувани посетители,

    Сакајќи да ја зголемиме ефикасноста и транспарентноста во информирање на граѓаните, како и уште повеќе да го промовираме нашето работење и нашите успеси, изработивме нова веб страна на Царинската управа на Република Македонија.

    Имајќи во предвид дека Вашето мислење ние е важно, Ве замолуваме да ја пополните оваа анкета, како во иднина уште повеќе би го подобриле дизајнот на веб страната и информациите кои се објавуваат на истата.

  • Прашања, поплаки и сугестии

    • Анкета создадена од Super User
    • 172 одговори
  • Пријави корупција

    • Анкета создадена од Super User
    • 16 одговори

    Корупцијата и судирот на интереси како цивилизациско зло ги попречуваат и уриваат основните општествени вредности, ги злоупотребуваат институционалните капацитети во полза на нелегални цели и интереси, ја намалуваат довербата во институциите и правната држава, го загрозуваат владеењето на правото, праведноста, еднаквоста и сигурноста на граѓаните.

    Царинската управа во континуитет работи на превенција на злоупотребите на службената должност и безкомпромисно се справува со овој вид на криминогено однесување, со цел ефикасно исполнување на нејзината мисија и визија:

    • да бидеме модел на модерен и најдобар сервис на граѓаните, економските оператори и државата, согласно домашни и меѓународно признати најдобри практики и лидер во процесот на пристапување кон Европската царинска унија и
    • да ги зачуваме финансиските интереси на Република Македонија, да го заштитиме здравјето и животот на луѓето, да обезбедиме конкурентен економски амбиент, да ги реализираме економските политики на Владата на Република Македонија и започнувањето на предпристапни преговори за членство во Европската Унија.

    Случаите на корупција за царински службеници, може да ги пријавите на следните начини:

    Online пријава за незаконско, непрофесионално или коруптивно постапување на царински службеници

    ОТВОРЕНА ЦАРИНСКА ЛИНИЈА, бесплатно и анонимно на телефонскиот број 197

    Пошта, на адреса ул. Лазар Личеноски, бр. 13, 1000 Скопје